Избор Општина Дебрца Спорт ТОП ВЕСТИ

За првпат турнир во мал фудбал „Св. Никола“ во Требеништа

Дебрца, 9. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – За првпат годинава ќе се организира турнир во мал фудбал „Св. Никола“ во селото Требеништа.

Турнирот ќе започне на 27-ми април, а финалето е закажано за 22-ри мај.

– Ќе се игра 5+1, а секоја екипа може да содржи од 6-12 играчи. Учеството е 3.000 денари. Наградниот фонд е 185.000 денари. За прво место 100.000 денари, второ место 50.000, трето 30.000 и четврто место 5.000 денари. Пријавувањето на екипите трае до 25-ти април. Контакт и подетални информации на броевите 070/675-210 (Ристе Петрески) и 072/315-860 (Дарко Дуклески), информираат организаторите.

Натпреварите ќе се играат во вечерните часови, во балон салата „Аминта III“ во селото Требеништа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука