Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Поради пукната цевка, прекин во водоснабдувањетo на улиците „AСНОМ“, дел од булевар „Туристичка“, кеј „Македонија“, „Партизанска“ и „Славеј Планина“

Охрид, 11. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Поради настанат дефект на водоводната мрежа (пукната е цевка со профил ф 300 мм), денес од 13:30 часот ќе има повеќечасовен прекин во водоснабдувањетo на улиците „AСНОМ“, дел од булевар „Туристичка“, кеј „Македонија“, „Партизанска“ и „Славеј Планина“.

Екипи на ЈП „Водовод“ од Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука