Струга, 11. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 50-годишно лице од струшкото село Франгово и 40-годишник од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
– Двајцата, со палење на отпадни материјали и стрништа во месноста „Добра вода“, атар на селото Франгово, предизвикале пожар чие ширење кон селото било спречено со интервенција на Територијалната противпожарна единица од Струга, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 46