Економија Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Продолжува отстранувањето на дефектот на водоводната мрежа на улицата „АСНОМ“, работите ќе продолжат до целосно завршување со санацијата

Охрид, 11. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Екипите на ЈП „Водовод“ од Охрид веќе неколку часа работат на отстранување на големиот дефект на улицата „АСНОМ“.

– Работите ќе продолжат и во текот на ноќта, до целосно завршување со санацијата и нормализирање на водоснабдувањето, информираат од претпријатието.

Дефектот на водоводната мрежа (пукната е цевка со профил ф 300 мм) се случи денес околу 13:30 часот. Во прекин е водоснабдувањетo на улиците „AСНОМ“, дел од булевар „Туристичка“, кеј „Македонија“, „Партизанска“ и „Славеј Планина“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука