Охрид, 1. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Туристички Охрид е преполн со гости за Први Мај, Меѓународниот ден на трудот.
Посетители од Србија, Хрватска, Албанија, Грција, но и повеќе земји од целиот свет, уживаа денеска во неговите убавини.
Солидно беа исполнети и сместувачките капацитети, како и кафе баровите и рестораните во центарот на градот.
Во Охрид денес имавме променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 21. степени.
– Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре и во петок на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Дневната температура од утре до сабота ќе биде во постепено опаѓање, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес