мај 3, 2024

Охрид, 2. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Општина Поградец, на официјалната страна на Facebook денеска објави видео од завршениот патен правец од границата кај „Св. Наум“ со Република Македонија до селото Тушемиште на албанска страна.

– Ви посакуваме добро утро со фантастична снимка од новиот пат од Тушемиште до границата, кој сега има и патека за велосипедисти, стои во објавата на видеото.

 

Mirëmëngjes ☀️
Me këto pamje fantastike nga rruga e re Tushemisht drejt doganës e cila po ashtu ofron edhe korsinë e biçikletave.
#bashkianëpunë

Posted by Bashkia Pogradec (Faqe Zyrtare) on Friday, May 3, 2024

Патниот правец пред Тушемиште се разгранува на два дела и едниот води покрај езерото кон Поградец и натаму, а другиот на кој се работи е нов крак кој треба да го олесни патувањето и преку заобиколен пат да се избегнат сообраќајните гужви во Поградец.

Од албанска страна останува спорен односот кон езерото, живиот свет во него и околината според препораките на УНЕСКО, но и градбите во него и првата езерска линија, за што пишувавме во повеќе наврати, но сепак, од страна на патната инфраструктура, мора да се признае состојбата е далеку подобра. Албанските медиуми јавуваат дека засилено се работи и на другата страна, односно патниот правец од граничниот премин „Ќафасан“ кон Елбасан и Тирана. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес видео: Општина Поградец

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука