Живот: „Златната крв“ на James Harrison
мај 10, 2024

Кога имал само 14 години, James Harrison од Австралија бил подложен на голема операција на градниот кош, за што итно била потребна поголема количина крв. По операцијата бил во болница полни три месеци. Уште на таа возраст му станало јасно дека дарувањето крв му го спасило животот и ветил дека ќе почне да дарува крв штом наполни 18 години.

Harrison почна да донира крв во 1954 година. Докторите откриле дека неговата крв содржи невообичаено силни и отпорни анти-Д имуноглобулински антитела. Супстанцијата во крвта на Harrison се нарекува анти-Rh D антиген. Ако мајката има различна крвна група и/или Rh фактор, детето може да развие хемолитичка болест која може да доведе до смрт. Од неговата крвна плазма е создаден серум кој откако ќе и’ се даде на Rh негативна жена, која е бремена со Rh позитивно дете, се спречува создавањето на антитела во крвта, а со тоа и хемолитична жолтица кај новороденчињата.

Harrison ја донирал својата плазма во просек на секои три недели во текот на полни 57 години. Во мај 2011 година дарува крв по илјадити пат, што е светски рекорд. До 2015 година, сите антирезус лекови во Австралија се произведувале од плазмата на Harrison. Во мај 2018 година, Harrison донираше крв за последен пат.

Неговата плазма помогна да се спасат животите на над два милиони новороденчиња, вклучувајќи ја и неговата внука.

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

ЖивоТ на OhridPress со најубавите и најинспиративните животни приказни и мудрости.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука