Струга, 3. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 2-ри мај 2024 година, во 11:10 часот на улица „Пролетерски бригади“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга привеле две лица од струшкото село Корошишта, на возраст од 53 и 32 години.
– Лицата се приведени поради агресивно однесување кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 86