Охрид, 6. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Подуеноста под очите знае да биде исклучително досадна и непријатна.
Причините за оваа состојба се многубројни, а меѓу нив се генетските фактори, недостаток на сон, премногу алкохол и цигари, стрес и дехидрација.
Постојат неколку ефикасни рецепти кои даваат резултати со упорна употреба од најмалку месец или два за ослободување од подуеноит дел под очите. На прво место меѓу најефикасните рецепти е рендана краставица со неколку капки сок од лимон. Исто така, може да помогне пасиран компир кој се става врз газа, а потоа директно на овој дел од лицето.
Исто така се препорачува плакнење на очите со вода од роза. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 51