Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

На регионалниот пат Дебар-Струга приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка

Струга, 6. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 5-ти мај 2024 година, околу 21:30 часот на регионалниот пат Дебар-Струга, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Џепиште во координација со Одделението за прекуграничен криминал при Регионалниот центар за гранични работи Запад, Дебар лишија од слобода две лица од Прилеп, на возраст од 34 и 36 години.

– При преглед во возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки на рент а кар компанија, биле пронајдени и одземени една торба со над три килограми марихуана и автоматска пушка со празна рамка. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука