Струга, 7. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Струга, по 15-ти пат се одржа познатата Литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ и чудотворната икона на светецот.
Оваа традиционална прослава на православните верници од Струга секоја година станува сé поголема и поатрактивна. Верниците уште еднаш се поклонија пред светињите на вечерната богослужба која се одржа во храмот на Светиот Великомаченик Георгиј во Струга. Чесните мошти беа изложени во храмот за поклонение пред да започне вечерната боголужба, сѐ до започнувањето на Еордијата. По богослужбата следеше свечената Еордија (литија) со светите мошти на Великомаченикот и неговата чудотворна икона.
Традиционално на вториот ден Ѓурѓовден, 7-ми мај, во Струга се одржува Литија со моштите од Свети Георгиј Победоносец од истоимениот манастир во Рајчица. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива