Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Возило утрово излета од коловозот на патот Ќафасан-Подмолје, повредени пет лица од Албанија

Струга, 8. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 8-ми мај 2024 година, во 08:10 часот, на магистралниот пат Ќафасан-Подмолје, кај клучката за струшкото село Радожда, патничко возило марка „Мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од страна на 55-годишно лице од Елбасан, Република Албанија, излетало надвор од коловозот.

– Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил 31-годишниот совозач, а со телесни повреди се здобиле возачот и тројца сопатници на возраст од 51, 34 и 24 годшна возраст, сите од Република Албанија, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид извршија полициски екипи, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука