Охрид, 10. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – На официјалната Facebook страна на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, објавени се постари фотографии од авион на холандска авиокомпанија пред многу години на ова воздушно пристаниште.
Авионот е на компанијата Transavia Holland, но за жал не е наведена годината.
Охрид и Република Македонија долго години се меѓу омилените дестинации за холандските туристи. Еден од главните „виновници“ за тоа е писателот Корнелиус Боб Спелстра, познат под псевдонимот А. Ден Доолаард, кој во книгата „Свадбата на седумте цигани“ ја опишува нашата држава како место кое не смее да се пропушти и мора да се посети, пред се’ поради богатата историја, убавините и културното наследство.
Уште една фотографија од далечното минато која е вистинска „временска машина“ и не враќа во едно многу убаво време. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Ohrid St. Paul The Apostle Airport