Охрид, 24. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 27-ми октомври 2014 година, (понеделник), во манастирот „Света Петка“, селото Велгошти – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија.
Богослужбата по повод празникот на „Преподобна Параскева“ ќе започне во 09:00 часот, а со неа ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник, со кој всушност започнуваат есенските и зимските домашни слави. (Крај/А.Р.)
извор: Супер радио фото: www.velgosti.com
Прочитано: 23