Скопје/Охрид, 10. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Државната изборна комисија (ДИК) до овој момент пристигнати се 17 приговори кои се однесуваат на постапката за сумирање на резултатите од парламентарните избори, информира за медиумите портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска-Алексовска.
Девет од вкупно 17 приговори се поднесени од страна коалицијата „Вреди“ на опозициските партии на Албанците и се однесуваат за општините Тетово, Желино, Боговиње, Гостивар и Врапчиште. Останатите осум приговори, се поднесени од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и се однесуваат на постапката на сумирање на резултатите за парламентарните избори во општините Охрид, Демир Хисар, Крушево, Кичево, Струга, Битола, Долнени и Ресен.
За резултатите од претседателските избори засега не се поднесени приговори.
Роковите за доставување приговори до ДИК за остварување на избирачко право завршија во 19:00 часот, додека роковите за поднесување приговори за претседателски е до 22:30 часот и до 23:30 часот за парламентарните избори.
ДИК за утре закажа јавна седница за објавување на конечност на резултатите за Претседателски избори.
Доколку по завршувањето на рокот вечерва во 22:30 часот нема приговори ДИК утре ќе го достави извештајот со конечните резултати од претседателските избори до Собранието, а потоа се очекува претседателот на Парламентот, Јован Митрески да ја закаже седницата во недела напладне за инаугурација на новата претседателка Гордана Силјановска Давкова. (Крај)
извор: локално.мк фото: архива