Избор Охрид Спорт Струга ТОП ВЕСТИ

Едриличарите на „Акватика јахтинг“ од Охрид и „Снегар“ од Струга на Првенството на Југоисточна Европа во Палиќ

Охрид/Струга, 10. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Најдобрите едриличари од двата најдобри македонски едриличарски клубови „Акватика јахтинг“ од Охрид и од ЕК „Снегар“ од Струга од денеска па до 13-ти мај ќе учествуваат на Првенството на Југоисточна Европа во класата Оптимист во Палиќ, Република Србија.

Вкупно 12 македонски едриличари ќе учествуваат на шампионатот во Србија на кој се собираат најдобрите во класата Оптимис од Југоисточна Европа.

„Акватика јахтинг“ во Палиќ ќе го претставуваат: Мила Булатовиќ, Лина Пашоска, Гала Булатовиќ, Дарија Зографска, Петар Филоски, Горазд Арнаудов и Сергеј Кречов, додека од ЕК „Снегар“ ќе настапат: Андреа Чуркоска, Стефан Баракоски, Марко Милески, Сара Милеска и Берак Шашко.

На првенството на Југоисточна Европа, според најавите, ќе настапат повеќе од 80 едриличари од Србија, Унгарија, Словачка, Бугарија, Црна Гора, Словенија, Романија и Република Македонија. (Крај)

извор: екипа.мк фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука