Охрид, 14. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Легендарната рок група Pearl Jam го претстави својот долгоочекуван дванаесетти студиски албум „Dark Matter“, кој носи 11 нови песни како спој на мрачни приказни со примеси на оптимизам.
Ова издание е големо враќање на култниот бенд по изданието „Gigaton“ од 2020 година. Слушателите веќе имаа можност да ја слушнат песната „Wreckage“, која помина три недели на врвот на престижната листа за мејнстрим рок на Billboard.
Pearl Jam се етаблира како сериозен алтернативен рок бенд со 11 студиски албуми кои се продадени во повеќе од 85 милиони примероци на глобално ниво.
„Dark Matter“ ќе ја однесе групата на нова светска турнеја која ќе трае во текот на 2024 година.
Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива