мај 16, 2024

Охрид, 16. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Легендарниот рок бенд Kings Of Leon го претстави пост-панк-синглот „Nothing To Do“ кој ја носи автентичната енергија на нивните најголеми хитови.

За разлика од еуфоричниот звук на синглот „Mustang“ и нежноста на песната „Split Screen“, овојпат бендот се враќа на своите корени и најавува силни вокали и гитарски рифови на својот деветти студиски албум „Can We Please Have Fun“.

– Ова е песна што ја објавивме веднаш по синглот „ Mustang“ затоа што е време да покажеме нешто што носи подлабок увид во длабочината на албумот, изјавија од бендот.

За време на блескавата кариера во рок музиката која опфаќа 25 години, браќата Kings of Leon објавија осум успешни студиски албуми со 20 милиони продадени копии и три престижни Grammy награди.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука