Скопје, 16. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Бубрезите се незаменливи во извршувањето на својата функција за прочистување на организмот.
Еве на што треба да внимавате за да ги одржите здрави овие скапоцени органи здрави и витални. Доколку пиете многу течности, избегнувате масна и солена храна, внимателно користите лекови бубрежната болест може да се спречи.
Ризикот од бубрежни заболувања или проблеми со бубрезите во голема мера може да се намалат со промена на начинот на исхрана. Како особено корисни за бубрежното здравје се истакнати маслиновото масло, рибата, потоа јаболко, брусница, лук, кељ…
Ако од денес одлучите да ги смените вашите прехрамбени навики, сепак она што досега сте го консумирале, можеби веќе нанело штета на вашите бубрези.
Затоа, време е за здравје во чаша:
Земете по една банана, киви, лимон, четири ореви, свеж магдонос и чаша вода. Овие состојки ставете ги во блендер, додајте вода и мелемот за вашите бубрези е готов. Ќе ви одземе малку време, а ќе придонесе многу во одржување на здравјето на вашите бубрези.
извор: ОхридПрес фото: архива