Скопје, 12. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Ќе бидам претседателка и на левата и на десната страна. Ќе бидам претседателка на сите граѓани нема да правам разлика ниту по етничка ниту по верска ниту по полова ниту по било каква разлика, порача во свеченото обраќање на церемонијата за инаугурација универзитетската професорка Гордана Сиљановска- Давкова, која е шестиот претседател на Република Македонија и прва жена која е избрана на оваа позиција.
– Време е за единство и затоа ќе им се обратам на жените. Бидејќи ние покажуваме дека не се грижиме само за себе туку и за сите околу нас, посочи Сиљановска во обраќањето кое беше посветено на улогата на жените во политиката и која треба да биде многу поголема, порача во обраќањето Сиљановска Давкова.
Таа истакна дека има шанса за сите нас и побара од пратениците да имаат разбирање за нејзините говори, за евентуално вето, за мериократијата, затоа што тоа е владеење на правото, а не на малкумината.
Сиљановска Давкова се осврна на фактот дека е жена, при што потенцираше дека добила честитки и до претставнички на СДСМ, и посочи дека со женското лидерство би можеле да се променат политичките навики во нашата земја и да се оди кон подобро и поправедна земја.
За време на свечената изјава во Собранието, претседателката Силјановска Давкова го користеше името Македонија.
Сиљановска-Давкова е родена на 11 мај 1953 во Охрид. Основно и средно образование завршила во Скопје (1973). Дипломирала на Правниот факултет во Скопје (1978), каде што и магистрирала. Докторирала пред комисија предводена од проф. Франц Град со „Cum laude“ на Правниот факултет во Љубљана, на тема „Local Selfgovernment – between Norms and Reality“ во 1994.
Била избрана за асистент по предметот политички систем на Правниот факултет во Скопје (1989), за доцент по уставно право и политички систем (1994), а потоа и за редовен професор во 2004. Била член на Уставната комисија на Собранието на РМ (1990-1992) и министер во Владата на РМ (1992-1994). Експерт за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа. Член на Венецијанската комисија. Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем.
Сиљановска-Давкова беше канадидат на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателските избори во 2019 година, кога победи Стево Пендаровски. На Парламентарните избори во 2020 година, Силјановска-Давкова беше носител на кандидатскиот список за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Изборна единица 1. Од август 2020 година таа е пратеник во македонското Собрание. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Фокус/архива