Скопје, 13. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во своите јавни настапи, македонската претседателка има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација, почитувајќи ги основните човекови права и слободи, и согласно европските вредности и начела, стои во официјалниот став испратен до јавноста од Кабинетот на новоизбраниет Претедател на Република Македонија Гордана Сиљановска Давкова.
– Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе се придржува до официјалната примена на уставното име. Согласно Уставот, како што беше подготвена од службите на Собранието, свечената заклетва беше потпишана со користење на уставното име. Македонските институции во последниве 5 години речиси целосно ги исполнија обврските од Преспанскиот договор и претседателката очекува сите македонски партнери да ги почитуваат билатералните и мултилатерални обврски кои ги презеле кон земјата, порачуваат од Кабинетот на Сиљановска Давкова. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива