Избор Општина Дебрца

Утре ќе се врши ларвицидна дезинсекција во Општина Дебрца

Дебрца, 14. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебрца за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината, утре, 15-ти мај, ќе се врши ларвицидна дезинсекција со цел уништување на возрасни комарци и ларви од комарци.

Запрашувањето ќе биде теристичко (од земја) и ќе се врши во период од 20:00 до 06:00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.

Потребно е пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука