Охрид, 14. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Никако да се искоренат лошите навики за создавање мини-депонии во секоја урбана заедница, алармираат од ЈП „Охридски комуналец“.
Велат, денес се интервенира на одредена црна точка, се подигнува несоодветно депонираниот расфрлан отпад, а веќе следниот ден, како да сме должни да ја гледаме истата слика од истата локација
– И покрај сите наши акции и заложби за чист град, деструктивниот однос на поединци остава последици на секој чекор. Изминатиов период, нашите служби се соочуваа со горлив проблем на улицата „Аџи Мустафа“, каде континуирано секојдневно се создава нова мини-депонија, велат од претпријатието.
Апелираат до граѓаните да се почитува динамиката на акциите за подигнување кабаст и зелен отпад, а за сите информации околу депонирање на отпадот да се јават на дежурниот телефон 075/495 – 428. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ЈП „Охридски комуналец“