Охрид, 16. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Утре од 09:00 часот во Охрид и сите општини низ Република Македонија ќе се реализира големата aкција за чистење „Генералка викенд“.
Општина Охрид и ЈП„Охридски Комуналец“ и годинава се приклучуваат кон акцијата.
Според планираното, во Охрид ќе се чистат плажите од хотел „Метропол“ до камп „Елешец“, „Горица“, „Св.Стефан“ и село Пештани. Дел од охридскиот тим ќе го чисти каналот кај ЈП „Водовод“ и Билјанини извори. Во акцијата ќе земат учество и „Шпаркасе Банка“ и „Kостал Македонија“. Основните училишта од Охрид и градинката ќе учествуваат со чистење на своите дворни места.
Организатор на акцијата е компанијата „Man and mountain“, а со поддршка на пивара Скопје, Пакомак и Нула Отпад и се оржува веќе четврта година.
Целта е подигнување на еколошката свест за одговорност кон животната средина и природата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива