Охрид/Струга, 16. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 37-годишно лице од Скопје и две лица од Пробиштип, на возраст од 33 и 37 години, поради постоење основи на сомнение за сторени повеќе кривични дела „измама“.
– Тие, во текот на јануари и февруари оваа година, со јавувале на мобилни телефони на повеќе граѓани од Охрид и Струга, претставувајќи се лажно како вработени во градежни фирми и им нуделе градежни материјали по поевтини цени. На тој начин, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 281.600 денари, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 51