Охрид, 16. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид објави Конкурс за избор на идејно решение за лого по повод 80 годишнината од ослободувањето на Охрид.
Заштитниот знак (логото) како визуелен идентитет треба да го одразува културното и природното наследство на Општина Охрид.
Право на учество на Конкурсот имаат младите лица на возраст од 15 до 29 години,жители на Општина Охрид. Секој учесник може да поднесе најмногу три идејни решенија, а рокот истекува на 31-ви мај.
Сите настани организирани или поддржани од Општината ќе го носат логото кое ќе го избере стручна жири комисија формирана од градоначалникот на Општина Охрид.
Наградниот фонд за најдобрите три идејни решенија изнесува 30.000 денари.
Сите заедно под сино – белото знаме на Општина Охрид да го прославиме 7. Ноември – Денот на ослободувањето на Општина Охрид.
По повод големиот јубилеј Општина Охрид ќе организира повеќе активности со сите охридски репрезенти (културни, образовни, спортски, научни и сл), а главната свеченост ќе биде на 7-ми ноември, на самиот роденден на Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес