ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

„Генералка викенд“ денеска во Охрид

Охрид, 17. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Утрово во 09:00 часот, во Охрид и сите општини низ Република Македонија започнува големата aкција за чистење „Генералка викенд“.

Општина Охрид и ЈП„Охридски Комуналец“ и годинава се приклучуваат кон акцијата.

Според планираното, во Охрид ќе се чистат плажите од хотел „Метропол“ до камп „Елешец“, „Горица“, „Св.Стефан“ и село Пештани. Дел од охридскиот тим ќе го чисти каналот кај ЈП „Водовод“ и Билјанини извори. Во акцијата ќе земат учество и „Шпаркасе Банка“ и „Kостал Македонија“. Основните училишта од Охрид и градинката ќе учествуваат со чистење на своите дворни места.

Организатор на акцијата е компанијата „Man and mountain“, а со поддршка на пивара Скопје, Пакомак и Нула Отпад и се оржува веќе четврта година.

Целта е подигнување на еколошката свест за одговорност кон животната средина и природата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука