ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид годинава има за 94 првачиња помалку од лани

Скопје/Охрид, 17. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Речиси во сите општини во Република Македонија бројот на основци бележи драстично намалување.

Во Охрид годинава има за 94 првачиња помалку од лани, анализира порталот факултети.мк.

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) објавени на крајот од март годинава. постои тенденција на празнење на основните училишта во државата. Така, на почетокот на учебната 2023/2024 година бројот на учениците во редовните основни училишта изнесувал 182.124, што претставува намалување за 1,6% во споредба со претходната учебна година. Според ДЗС, во Македонија на почетокот на учебнава година имало 955 основни училишта (едно помалку од лани) со 11.103 паралелки (13 помалку од лани) и 18.831 наставник (219 помалку од лани).

Трендот на иселување се должи на потрагата по подобри работни места и услови, можности за напредок, образование и квалификации, европски стандарди, правна држава… Во најновата публикација за миграциите во државата се посочува на податок на Евростат дека бројот на државјани на Македонија што престојуваат во европските земји на прием е зголемен од 229.366 во 2010 година на 299.506 лица во 2020 година, или за околу 70.000. (Крај)

извор: факултети.мк фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука