Охрид, 17. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – НП „Галичица“ по примерот на сите познати европски национални паркови, формира Еко клуб на млади.
Клубот е формиран заедно со Црвен крст Охрид.
– Со заедничка визија и мисија да се помага обострано, но пред сѐ промоција и зачувување на природните и културните вредности на Националниот парк „Галичица“ во идниот период ќе се започне со реализација на голем број активности реализирани од млади ентузијасти, информираат од паркот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 45