Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Нови обвиненија против Рамиз Мерко, незаконски се вработувале директори во училишта

Струга, 17. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Струшкото Основното јавно обвинителство поднело два обвинителни предлози против актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, поради незаконско вработување и именување на директори во училишта на територијата на општината.

За нешто повеќе од два месеца против актуелниот струшки градоначалник се поднесени четири обвиненија, вклучувајќи ги и двете за кои денеска информира Јавното обвинителство.

Струшкото Основното јавно обвинителство поднело два обвинителни предлози против актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, поради незаконско вработување и именување на директори во училишта на територијата на општината.

Во првиот случај, за кој е поднесен обвинителен предлог, поради што предметот ќе оди во скратена постапка, обвинети се вкупно четири лица. Првообвинета е наставничка по француски јазик во основно училиште во Велешта која се товари дека употребила три лажни јавни исправи за полагање стручен испит во Државниот испитен центар.

Преостанатите тројца обвинети се струшкиот градоначалник Мерко, како и директор и помошник-директор во училиштето кои ги прифатиле фалсификуваните документи и ја вработиле првообвинетата како наставник, која подоцна била назначена и за в.д. директор на училиштето.

Во Основниот суд во Струга н 26-ти април 2024 година започна судскиот процес против Мерко за набавката на луксузниот автомобил „Ауди А6“, вреден 67 илјади евра. По барање на одбраната за целосен увид во списите, судијката Надица Митреска ја одложи главната расправа за 3-ти јуни годинава. (Крај)

извор: МРТВ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука