Охрид, 18. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Продолжува санацијата на сидриштето „Билјанини извори“ во каналот „Студенчишта“, кај Центарот за обука на вода во Охрид.
Се поставуваат дрвените колци, претходно е бетониран оградниот дел кон каналот, а паралелно се уредува и зелениот дел кон Центарот и пристапните патеки.
Министерството за одбрана, сектор за логистика склучи договор за реконструкција на сидриштето „Билјанини извори“ во Охрид, со друштвото за промет и услуги „ЕМ груп електрометал“, друштво со ограничена одговорност увоз извоз од Скопје. Вредноста на договорот е 29.271.339 денари или 475.957 илјади евра.
Според точките во истиот предвидено е расчистување на теренот околу просторот и во каналот, негова адаптација за градежни работи и слично. Треба да се постават дрвени колови и дрвена платформа, парапетен бетонски ѕид покрај пешачката патека и друго. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес