Охрид, 18. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Втората половина од мај, туристички Охрид ја дочекува облеан во сонце и со најава за температура до 25. степени.
Утрово беше раздвижено по Градскиот кеј, каде бројни групи гости, организирано ги посетуваа убавините на градот и уживаа во кафе-разговори на терасите, а голем беше и бројот на оние кои шетаа по Кејот и пешачката патека.
Метеоролозите за денес најавуваат сончево време со умерена облачност. Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 25. степени.
– Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес