Охрид, 19. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со одлична местоположба и прекрасен поглед кон Охрид и Охридското Езеро, вилата „Билјана“ своевремено беше една од тајните и официјални летни резиденции на Јосип Броз Тито, лидер на поранешна Југославија, во периодот од 1945 година, па се’ до неговата смрт во 1980 година.
За жал, многу малку официјални информации се достапни овој објект, како и кога бил изграден (веројатно во доцните 50-ти и раните 60-ти години), кој архитект ја дизајнирал или колку време точно поминал Тито тука.
Она што се знае со сигурност е дека тој престојувал во вилата за време на официјалната посета на Охридскиот регион во 1967 година, настан кој бил и детално документиран.
Куќата е изградена како израз на традиционалниот македонски народен архитектонски стил, користејќи природен камен со бели ѕидови од гипс, покрив со црвени плочки и испакнатини на горното ниво.
Во периодот по Југословенската ера, вилата „Билјана“ започнаа да ја користат и македонските политичари. Денес, таа е во сопственост на Владата и Претседателот на Република Македонија, чии државници ја користат како летна резиденција. Тука често доаѓаат и високи дипломатски претставници, поради што пристапот е строго забранет за јавноста и вилата е деноноќно чувана.
Пред вилата има приватната плажа со ситен песок, до која се стигнува само преку вода, или од самата вила, преку скали и внатрешен лифт. И денес важи за една од најголемите атракции, но може да се види само со брод од езерото, скриена во густата шума. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес