Охрид, 19. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 18-ти и 19-ти мај 2024 година, во периодот од 22:00 до 04:00 часот на подрачјето на СВР Охрид се реализирани засилени сообраќајни контроли.
– Притоа, полициските службеници затекнале 11 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол, од кои 2 во Охрид, 3 во Струга, 5 во Кичево и 1 во Дебар. Тие биле веднаш исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 39