Избор Избори 2024 Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

На полноќ започнува предизборниот молк, во среда ќе се прегласува и на избирачкото место 1272 во ООУ „Христо Узунов“ во Охрид

Скопје/Охрид, 20. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од ноќеска на полноќ почнува предизборен молк поради одлуката да се прегласува за парламентарните избори на неколку избирчки места во ИЕ5 и ИЕ6, бидејќи таму според ДИК, но и одлуката на Управен суд регистрирани беа низа нерегуларности за време на изборите на 8-ми мај.

Ќе се прегласува на избирачки места во Долнени, Крушево, Струга Охрид и во Желино. Кампањата за повторното гласање ќе трае до крајот на денешниот ден.Притоа, ќе важат истите листи за болни и немоќни лица, ќе нема можност да се пријавуваат нови. Според ДИК, има можност за измени и предлози за овластени претставници на кандидати. Тоа важи и за членовите на избирачките одбори кои се предложени од политичките партии.

Во Изборната единица (ИЕ) пет на избирачките места 1470/1 и 1470 во Општина Долнени, 1194 и 1202 во Општина Крушево, 1844 во Општина Струга и 1272 во Општина Охрид, како и во ИЕ 6 на избирачкото место 2101 во Општина Желино.

Гласањето ќе се одржи во среда на 22-ри мај 2024 година.

Избирачкото место 1272 се наоѓа во склоп на ООУ „Христо Узунов“, на улицата „Питу Гули“ број 128 во Охрид. На ова избирачко место има вкупно 711 избирачи, од кои на парламентарните избори кои се одржаа на 8-ми мај 2024 година гласаа 433, односно 60,90% од избирачкото тело.

Избирачкото место 1844 се наоѓа во склоп на ООУ „Јосип Броз Тито“, на улицата „Димче Ковачески“ број 64 во Струга. На ова избирачко место има вкупно 753 избирачи, од кои на парламентарните избори кои се одржаа на 8-ми мај 2024 година гласаа 489, односно 64,94% од избирачкото тело.

ДИК на последната седница ги разреши и претседателите на избирачките одбори, членовите и нивните заменици во избирачките места 1470/1 и 1470 во Општина Долнени, 1194 и 1202 во Општина Крушево, 1844 во Општина Струга, 1272 во Општина Охрид и 2101 во Општина Желино.

Со оглед дека се кратки роковите за избор на нови избирачки одбори, за да биде регуларно прегласувањето, општинските изборни комисии (ОИК) ќе треба да ангажираат некои од веќе постојните избирачки одбори, или од најблиските избирачки места или некои други, и за тоа ќе треба да достават известување до ДИК.

Кампањата за повторното гласање ќе трае до денеска на полноќ. Притоа, ќе важат истите листи за болни и немоќни лица, ќе нема можност да се пријавуваат нови. Според ДИК, има можност за измени и предлози за овластени претставници на кандидати. Тоа важи и за членовите на избирачките одбори кои се предложени од политичките партии. ДИК, претходно, во рамки на седницата, ги соопшти освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука