ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Избори 2024 Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

ДИК: Правото на глас на ИМ 1272 во Охрид го искористија двете запишани лица во посебниот извод од Избирачкиот список

Скопје/Охрид, 21. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денешното прегласување на болните и немоќни лица, лицата кои издржуваат казна затвор и лицата сместени во центрите за вонсемејна грижа, а кои припаѓаат на избирачките места каде што се поништи гласањето за парламентарните избори спроведено на 8-ми мај 2024 година, се одвиваше непречено, без пријавени нерегуларности, информираат од Државната изборна комисија (ДИК).

Денеска, 43 oд вкупно 45 лица пријавени како болни или немоќни гласале на избирачките места каде се одвива прегласувањето во Желино, Крушево, Охрид, Долнени и Струга.

На ИМ 2101 во Желино гласале сите 4 лица кои биле запишани како болни или немоќни.

На ИМ 1194 Крушево од 20 запишани лица гласале 18, а на ИМ 1202 Крушево гласале сите 6 запишани лица.

На ИМ 1272 Охрид, правото на глас денес го искористиле двете запишани лица во посебниот извод од Избирачкиот список.

На ИМ 1470 Долнени во кое имаше запишано 7 лица како болни или немоќни и на ИМ 1470/1 Долнени со запишани 2 лица, сите го искористија правото на глас.

На ИМ 1844 Струга, сите 4 лица запишани како болни или немоќни гласале во текот на денот.

Од ДИК посочуваат дека денеска сите 5 пријавени лица за гласање во затворите во Прилеп и Шуто Оризари гласале во објектите каде престојуваат. Наведуваат дека своето право на глас го оствариле и двајцата пријавени гласачи во центрите за вонсемејна грижа во општините Карпош и Битола. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука