Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 25. степени

Охрид, 22. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд.

Максималната температура ќе се искачи до 25. степени.

– И утре наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално со услови за појава на краткотрајно невреме. Во четврток и петок ќе преовладува стабилно време, а нови врнежи се очекуваат за време на викендот. Дневната температура ќе биде без позначителна промена, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука