Охрид, 22. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Точно напладне, на Градскиот плоштад во Охрид ќе се одржи годинешната матурска парада.
На настанот што прерасна во традиција ќе учествуваат над 300 матуранти од сите охридски средни училишта и ќе го изведат танцот „Квадрил” од Штраусовата опера „Лилјакот”. И годинава за подготовките и сé да изгледа онака како што доликува се погрижи професорката Катерина Стојаноска.
Заедно со нашите матуранти, во исто време ќе танцуваат и нивните врсници од неколку македонски градови, но и од градови во Европа.
Матурската парада е покрената во 2001 година во Словенија, а нејзин идеен творец е Томаж Амброж од танцовата школа „Уршка” во Љубљана.
Танцот „Квадрил” матурантите го играат во четири слики: панталон, ете, пасторел и финале. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес