Струга, 22. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 29-годишно лице од селото Подмолје, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
– При преглед во неговото возило, извршен во струшкото село Велешта, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога пронајдоа и одзедоа кокаин, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 61