Охрид, 23. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – На вчерашното прегласување во Охрид најмногу гласови освои коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ – 303 пред коалицијата за Европска иднина на СДСМ за која гласаа 27 лица на избирачкото место 1272 каде се гласаше повторно.
Ова изборно место се наоѓа во склоп на ООУ „Христо Узунов“, на улицата „Питу Гули“ број 128 во Охрид. Покрај овие две коалиции, гласови добија и Коалицијата „Европски фронт“ на ДУИ кои освоија 12 и Движењето ЗНАМ и Левица со по 11 гласа. Коалицијата ВЛЕН освои еден глас.
На ова избирачко место има вкупно 711 избирачи, од кои на парламентарните избори кои се одржаа на 8-ми мај 2024 година гласаа 433, односно 60,90% од избирачкото тело.
По прегласувањето има само една промена во пратеничките мандати. „Вреди“ во 6-тата изборна единица го доби 8 мандат, односно на ниво на држава сега има 14 пратеници. Нова пратеничка е Имрлије Салиу Фетаи од Гостивар, која доаѓа на местото на актуелната заменичка министерка Фатмире Исаки од „Европскиот фронт“, предводен од ДУИ. Исаки е претставник на ДПА, а со губењето на нејзиното пратеничкото место, во Парламентот ќе остане само партискиот лидер Мендух Тачи, додека коалицијата на ДУИ паѓа од 19 на 18 мандати.
Коалицијата на СДСМ сега доби помалку гласови во 5-тата изборна единица, но останува на ист број мандати (и во Изборна Единица 5 и во цела држава) затоа што во битката за место во Собранието победи ДУИ со што Исмаил Јахоски пд Пласница останува пратеник. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес