Скопје/Охрид, 23. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – На инијацитива на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, a во рамките на Меморандумот за соработка потпишан од страна на АППТ и „ASR“- Алијанса на независни туристички агенции од Германија, се покрена иницијатива за организирање на промотивен настан и бизнис средби во Берлин.
Настанот се организира во македонската амбасада во Берлин на која учество земаа членките на организацијата „ASR“ со цел вмрежување и соработка со македонски и германски туроператори. Присуството на претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и македонскиот туристички сектор е од круцијално значење за воспоставување на соработка со германските туроператори и проширување на туристичките пазари.
– Идната соработка со германските туроператори е веќе воспоставена и следните активности ќе се реализираат во Македонија, со организирање на информативно патување низ земјава и бизнис средби во Скопје и Охрид, соопштуваат од Агенцијата. (Крај)
извор: mrt.com.mk фото: ОхридПрес