Здравје Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

ЈП „Водовод“: Се санира настанат дефект, водата кај Пазарот и во селото Орман е контаминирана и не е за пиење

Охрид, 23. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од ЈП „Водовод“ од Охрид ги известуваат корисниците кои живеат во и околу мерните места Пазар и на потегот од село Орман до Охрид, дека при санирање на дефект, настаната е контаминација на водата за пиење во и околу овие мерна места.

– Од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид земена е повторно вода за анализа од овие мерни места и се’ додека не се добијат официјални резултати од извршените анализи, се забранува за пиење водата во и околу овие мерни места, информираат од претпријатието. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука