Охрид, 24. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Продолжениот празничен викенд, топлото време, сонцето и неповторливата убавина на градот се очекува да бидат доволна причина, овој викенд бројни гости од земјата и странство да го посетат Охрид.
Денешниот неработен ден во чест на одбележувањето на делото на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј се спојува со престојниот викенд. Тоа во комбинација со убавото време ветува солидна исполнетост со традиционалните домашни гости, но и со посетители од странство.
Меѓу нив најбројни се гостите од соседните земји, но на прошетка покрај езерото и во угостителските објекти можат да се сретнат туристи од целиот свет.
Охрид е пред нова сезона, која според најавите треба да биде успешна и да ги повтори, а се надеваме и надмине минатогодишните рекордни бројки на посетеност. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес