Забава Избор

Вечерва нови „Мерак моменти“ во „Форт Кафе“ со Владо Броз и Dj Марама и најголемите хитови на Оливер Драгојевиќ

Охрид, 25. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Време е за нови „Мерак моменти“ во „Форт Кафе“, вечерва со Владо Броз и Dj Марама и најголемите хитови на Оливер Драгојевиќ.

– Подгответе се за мерак вечер со Владо Броз и Dj Марама во сабота, на 25-ти мај со најголемите хитови на Оливер Драгојевиќ. Вечер на уживање, сеќавање на најголемите хитови на стариот музички мајстор, порачуваат од охридското „Форт Кафе“.

Влезот е слободен по претходна резервација на телефонот 078/242-099.

– Повторно е време за „Мерак моменти“. Дојдете да уживаме заедно, испраќаат покана до сите од „Форт Кафе“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Be1 Digital Marketing 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука