Избор Локална самоуправа ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид го одбележа Патрониот празник

Охрид, 24. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со свечена програма, која се одржа во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ го одбележа Патрониот празник.

Поздравен говор одржа директорот Ристе Јанкоски, кој им оддаде почит на солунските браќа за нивната мисија „за создавањето на глаголицата врз чија основа, од страна на нивните ученици, е направена кирилицата, која ден денес претставува официјално писмо на македонскиот народ. Оддавањето достојна почит кон нивното дело и лик е должност и задоволство за секој кој ја знае важноста и неопходноста од описменувањето на секој поединец и заедница“.

– Оваа година го прославуваме и нашиот јубилеј, 10 години од постоењето на училиштето како самостоен правен субјект, во чие самостојно работење постигнува огромен раст и развој. Нашето училиште денес е куќа градена од нашите претходници и од нас како просветни работници кои со нашите дел, квалитети и трудољубивост придонесуваме кон создавање на нови генерции кои ќе ја градат нашата иднина. Оваа година е и година кога го прославуваме раѓањето и љубовта. Го посветуваме на големите јубилеи од раѓањето на македонските великани, и тоа 150 години од раѓањето на Крсте Петков Мисирков и 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски, истакна Јанкоски.

По тој повод, рецитаторската секција на училиштето подготви рецитал, надополнет со хорот и оркестарот и на крајот следуваше танцувачката изведба. Беа доделени благодарници за афимација и промација на нашето училиште и на добитниците на награди на регионалните и државните натпревари.

– Нека ни е честит празникот Св. Кирил и Методиј и Патрониот празник на нашето училиште кое со гордост го носи нивното име. Читајте ги македонските автори зашто тие се потврда на нашиот идентитет, и љубете зашто љубовта е најсилната енергија која го воскреснува човекот, порачаа од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука