Штип/Охрид, 25. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Енис Алиу во категоријата до 71 килограм и младите охридски боксери, браќата Христијан и Наум Стојаноски во категориите до 46, односно 67 килограми, со златни медали се враќаат од III Меморијален боксерски турнир „Јордан Мијалков“, кој денеска се одржа во Штип.
Боите на клубот „Алексо Огненовски“ во Штип ги бранеа и Димитар Ѓорески, кој во категоријата до 63 килограми освои сребрен медал и Михаил Абрамоски, кој исто така се враќа со сребрен медал во категоријата до 40 килограми.
Борбите се одржаа во Спортскиот центар „Џексон“ во Штип. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 206