Избор Македонија Струга ТОП ВЕСТИ

Гром неколку часа го остави без струја поширокиот дебарско-струшки регион

Струга, 26. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-струшкиот регион синоќа три и пол часа остана без напојување со електрична енергија, откако гром удрил во главната трафостаница во Хидроелектраната „Шпиље“ кај Дебар.

– Главната трафостаница во ХЕ „Шпиље“ беше погодена од гром – електрично празнење, за време на силното невреме. Екипите веднаш излегоа на терен и со максимално залагање, големиот дефект беше саниран. Дебарско-струшкиот регион остана без струја од 19:50 до 23:20 часот, потврдија за МИА од ЦУК.

Во Дебарскиот регион без струја беа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше.

Подрачјето кусо беше зафатено од невреме проследено со обилен дожд, електрични празнење и грмежи.

Поради обилниот дожд има појава и на одрони на патните правци од Дебар кон Маврово и кон Струга поради што надлежните препорачуваат внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација. (Крај)

извор: МИА/frontline.mk фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука