Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Охрид домаќин на 6. Меѓународен карате натпревар „Охрид Опен 2024“

Охрид, 26. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на карате клубот „Чоле“, вчера во Охрид се одржа 6. Меѓународен карате натпревар „Охрид Опен 2024“ на кој зедоа учество повеќе од 500 напреварувачи од Република Македонија и неколку балкански земји.

– Спортот како натпревар или игра има огромно значење за правилен психофизички развој на децата, младите и сите луѓе. Спортистите jа јакнат физичката и психичката кондиција, а во исто време се рекреираат и забавуваат. Велат дека „разликата меѓу невозможното и возможното е одлучноста“, а jac денес во сите вас гледам одлучни и храбри млади луѓе. Не е важно кој тим ќе победи во напреварувачкиот дел. Важно е дека сите сте посегнале по возможното – победата. Секогаш верувајте во своите способности само така секогаш ќе бидете на врвот. Честитки до организаторите и успешен спортски ден со желба да победат најдобрите, а ние во рамки на нашите надлежности како одговорна локална власт продолжуваме да креираме подобри услови за спортување и одржување наредни спортски настани кои се основа за развој на спортскиот туризам, порача во обраќањето до младите каратисти заменик градоначалникот Перчо Божиновски.

Натпреварите се одржаа во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука