Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Две малолетни лица физички нападнале врсничка во угостителски објект на улицата „Св. Климент Охридски“

Охрид, 26. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 26-ти мај 2024 година, во 00:30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во угостителски објект на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, две малолетни лица физички нападнале малолетничка со која седеле на иста маса во објектот.

– Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот по што ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука