Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Пристигнаа првите 190 патници со чартер-летот на TUI Airways UK од Манчестер

Охрид, 26. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – На аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, денеска пристигнаа првите 190 патници со чартер-летот на TUI Airways UK од Манчестер.

– Денес со задоволство им посакавме топло добредојде на првите 190 патници кои што пристигнаа со чартер-летот на TUI Airways UK од Манчестер. Со слетувањето на охридскиот аеродром, нашите британски гости, желни за истражување и откривање, ја започнаа својата незаборавна авантура во историскиот и живописен регион на Охрид, информираат од охридскиот аеродром.

Со два лета неделно, до крајот на септември голем број патници ќе имаат можност да уживаат во својот летен одмор и да создаваат спомени покрај Охридското Езеро. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука